full screen background image
Search

Schmidt Revolution изработи своја верзија на BMW 335i!

Доколку сакате, можете вашето BMW 335i да го навиете од 306 на на 365 коњски сили!

Иако можеби големите налепници не се по сечиј вкус, сепак мораме да признаеме дека моќта на ова BMW е повеќе од привлечна. Модификациите започнуваат со новите, големи, 20-инчни тркала обвиени во Continental 5P гуми со димензии 235/35-20 напред и 265/30-20 позади. Но за да не бидат модификациите исклучиво естетски, Schmidt Revolution нудат две нивоа на тјунинг за моторот.

Stage 1 нуди подигнување на силата од 306 коњски сили и 400 Nm вртежен момент на 336 коњски сили и 460 Nm вртежен момент. Второто ниво, односно Stage 2 оди еден чекор понатаму и ја зголемува моќноста на 365 коњски сили и 480 Nm вртежен момент. Доколку клиентите побараат, можат да добијат и титаниумски издувен систем, Bilstein спортска суспензија како и софтверско оптимизирање на EDC системот за електронска контрола на амортизерите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.