Премиера: Освежената Opel Insignia – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Освежената Opel Insignia

Opel само што ја претстави новата, освежена Opel Insignia. Новиот борец на Opel во оваа класа покрај затегнатите линии, може да се пофали со поекономични, но и со помоќни мотори.

Главниот новитет кој Opel го истакнува е новиот 2-литарски дизелски агрегат со 140 коњски сили. Благодарение на старт-стоп системот, опремена со овој мотор, Insignia ќе троши само 3.7 литри на 100 изминати километри, односно 3.9 литри доколку се одлучите за караванската изведба. Покрај овој мотор, Insignia ќе се нуди и новите турбо-бензински мотори кои испорачуваат 170, односно 250 коњски сили.

opel-insignia-facelift-rear

Благодарение на фејслифтот, Insignia изгледа освежено и затегнато. Козметичките измени се подлабоки од она што вообичаено би го очекувале кај еден фејслифт кој се прави кога едно возило ќе стане „средновечно“, па може да кажеме дека Insignia изгледа како целосно нов модел.  Според Opel, многу внимание е посветено и на ентериерот, каде јаснотијата, прегледноста и леснотијата на користење се трите водечки принципи по кои тие се воделе.

opel-insignia-facelift-interior

Секако, во игра останува и караванската Sports Tourer изведба која нам ни изгледа попривлечно од седанот. Купувачите на оваа изведба ќе можат да уживаат во поголемиот багажен простор и поголемата практичност.  Премиерата на освежената Opel Insignia е закажана за саемот на автомобили во Франкфурт во Септември, а скоро потоа ќе почне да се појавува во продажните салони.

opel-insignia-facelift-sports-tourer



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.