Пред неколку месеци објавивме фотогалерија од прекрасно дотераниот Mercedes-Benz C63 AMG Black Series, а сега ви го прикажуваме и видеото направено заедно со фотосесијата.
За потсетување, тјунерската компанија Mode Carbon се здружи со екипата на ADV.1 за да го дотераат веќе агресивниот Mercedes-Benz C63 AMG Black Series со нови 20-инчни едноделни ADV5.21 SL црвени фелни, карбонски ретровизори, заден спојлер и дифузер.
Мислевте дека на фотографиите автомобилот изгледа прекрасно? Ова видео уште подобро ја прикажува неговата убавина!