Рекордерот, новиот Mitsubishi Space Star претставен во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Рекордерот, новиот Mitsubishi Space Star претставен во Македонија!

Автомобилот кој постигна рекордно ниска потрошувачка денес беше претставен во салонот на Мак Аутостар во Скопје!

Малиот Space Star покрај со импресивно ниската потрошувачка, може да се пофали и со многу стандардна опрема, одлична аеродинамичност но и навистина многу простор. Според Mitsubishi, Space Star е одговор на се понагласената потреба на луѓето за помало, но сепак удобно градско возило, кое истовремено е безбедно и добро опремено.

На самиот почеток се истакнува ниската потрошувачка од само 4 литри на 100 изминати километри, но веќе знаеме дека таа може да биде уште пониска. Коефициентот на отпор на воздух е само Cd 0.27. Сепак, за да ја постигне ниската потрошувачка, моторот покрај зафатнината од 1 литар и 71 коњски сили може да се пофали и со MIVEC технологија за варијабилно отворање на вентилите, стандардна старт/стоп функција, како уште многу друго.

Во понудата се два мотори, едниот со зафатнина од 1 литар, моќност од 71  коњски сили и 88 Nm вртежен момент, а другиот со зафатнина од 1.2 литри, моќност од 80 коњски сили и 106 Nm вртежен момент. Цените започнуваат веќе од 8.690 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.