BMW го слави десеттиот роденден на M3 CSL – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW го слави десеттиот роденден на M3 CSL

Сигурно се сеќавате на E46 M3 CSL – специјалната верзија на спортскиот M3. Оваа година CSL го слави својот десетти роденден!

Автомобилот, кој беше произведен во само 1383 примероци и распродаден за само неколку месеци беше дизајниран да биде врвното спортско купе. Олеснетиот ентериер како и олеснетиот заден прозорец заедно со многуте лесни компоненти од екстериерот и кровот изработен од карбонски влакна го правеа M3 CLS цели 110 килограми полесен од стандардниот M3. M3 CSL тежеше само 1385 килограми!

Секако, покрај интензивната диета, M3 CSL доби и мало зголемување на моќноста – моторот произведуваше одлични 360 коњски сили, благодарение на кои забрзувањето до 100 километри на час траеше само 4.9 секунди.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.