Пристигна Mercedes Citan во салонот на Мак Аутостар! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна Mercedes Citan во салонот на Мак Аутостар!

Mercedes-Benz го нарекува Citan „Новиот херој во градот“, а новиот доставен автомобил на Германскиот бренд навистина ветува многу.

Вистина е дека Mercedes-Benz имаше потреба од вакво возило во својата понуда. Во соработка со Renault-Nissan алијансата, Mercedes-Benz се обидува да го понуди најдоброто на пазарот.

Во понудата се наоѓаат три дизелски и еден бензински агрегат – а понудата започнува со Citan 108 CDI кој нуди 75 коњски сили и вртежен момент од 180 Nm. Едно скалило над него е Citan 109 CDI со 90 коњски сили и 200 Nm, а на врвот на дизелската понуда е Citan 111 CDI со 110 коњски сили и 240 Nm. Покрај овие, се нуди и Citan 112 со 114 коњски сили и 190 Nm вртежен момент.

Citan се нуди во три различни каросериски изведби – кратка, долга и екстра долга, а соодветно на тоа се движат и цените. Најевтиниот товарен Citan е Citan 108 CDI во кратка изведба, кој чини 14.042 евра. Најскапиот Citan 111 CDI во екстра долга изведба чини 17.582 евра. Секако, тука е и Citan Mixto кој е комбинација од патничко и товарно возило, како и исклучиво патничкит Citan кој нуди многу за патниците. Листата на опрема е навистина долга, а дополнително може да се нарача скоро сè што можете да замислите.

Она што Mercedes-Benz го истакнува кај Citan е дека редовните сервисни интервали се на 30.000 километри или 2 години, додека ребрастиот ремен е предвидено да се менува на 240.000 километри – податоци кои сигурно многу им значат на деловните корисници.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.