WRC: Јари-Мати Латвала триумфираше на Рели Акрополис! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

WRC: Јари-Мати Латвала триумфираше на Рели Акрополис!

Јари-Мати Латвала ја потврди неговата прва WRC победа откако се придружи на тимот на Volkswagen со доминантно возење до целта на Релито на Боговите.

Кога проблем со притисокот на горивото го исфрли Себастијан Ожие од конкуренција, Латвала стана главната надеж на Volkswagen. На почетокот тој изгледаше недоволно подготвен за да го прифати предизвикот, возејќи трет позади Citroen-от на Дани Сордо и првобитно доминантниот Форд на Евгени Новиков.

8922579996_0cd55bf5ab_o

Но во Саботата наутро Латвала брзо ја презеде втората позиција од Сордо, а потоа и првата откако Новиков претрпе судар и се здоби со значително оштетување на неговата Fiesta. По преземањето на водството, Латвала продолжи да чекори кон сигурната победа, со минута и пол предност пред Сордо.

Тери Невил извозе сталожено до третото место, обезбедувајќи подиум за тимот на M-Sport Ford покрај разочарувањето на Новиков. Позади него, речиси секој WRC натпреварувач се опоравуваше од доцнење. Андреас Микелсен ги надмина разните проблеми и му го одзеде четвртото место на Насер Ал-Атија благодарение на повеќе етапни победи во утрото од финалниот ден.

8925250541_180bb5315c_o

Мадс Остберг и Мико Хирвонен претрпеа потешкотии во Петокот навечер и заостанаа неколку минути пред релито воопшто да започне. Тие успејаа да се опорават и да ги приграбат шестата и седмата позиција, иако Мартин Прокоп верува дека му било измерено неточно време на предпоследната стаза и требал да биде пред Хирвонен.

Новиков го присвои деветтото место, додека Ожие се најде на крајот од најдобрите десет. Роберт Кубица го забележа неговиот најдобар рели успех досега со триумф во WRC 2 класата.

Водечки позиции на крајот од Рели Грција:

Поз.  Возач               Тим/Автомобил        Време/Разлика
 1.  Јари-Мати Латвала    VW                      3h31m01.2s
 2.  Дани Сордо           Citroen                  + 1m50.0s
 3.  Тери Невил           M-Sport Ford             + 2m14.1s
 4.  Андреас Микелсен     VW                       + 3m55.1s
 5.  Насер Ал-Атија       M-Sport Ford             + 4m12.6s
 6.  Мадс Остберг         M-Sport Ford             + 5m48.7s
 7.  Мико Хирвонен        Citroen                  + 8m00.7s
 8.  Мартин Прокоп        Czech Ford               + 8m01.2s
 9.  Евгени Новиков       M-Sport Ford             + 8m11.8s
10.  Себастијан Ожие      VW                      + 10m10.3s

WRC откажувања:

     Калид Ал Касими      Citroen              SS8
Водечки позиции во генерален пласман:
Поз.  Возач               Тим/Автомобил        Бодови
 1.  Себстијан Ожие       VW                      126
 2.  Јари-Мати Латвала    VW                       74
 3.  Себастијан Лоеб      Citroen                  68
 4.  Мико Хирвонен        Citroen                  61
 5.  Тери Невил           M-Sport Ford             50
 6.  Дани Сордо           Citroen                  47
 7.  Мадс Остберг         M-Sport Ford             46
 8.  Евгени Новиков       M-Sport Ford             31
 9.  Насер Ал-Атија       M-Sport Ford             30
10.  Мартин Прокоп        Czech Ford               27


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.