KIA подготвува Cabrio верзија на спортскиот Cee’d GT? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

KIA подготвува Cabrio верзија на спортскиот Cee’d GT?

Според некои гласини кои кружат, но и интересниот концептен цртеж, Корејскиот производител подготвува отворена верзија на спортскиот Cee’d GT!

Кабрио верзијата на Cee’d GT би ја придвижувал истиот 1.6 литарски GDI турбо-бензински мотор кој испорачува 201 коњски сила и 265 Nm вртежен момент. Перформансите се ветувачки – 100 километри на час пристигнуваат за 7.9 секунди, а останува да видиме дали перформансите ќе останат истите и кај кабриолетот.

kia-ceed-gt

Скицата изгледа ветувачки, а ова не е прв пат KIA да си игра со потенцијални кабрио верзии на популарни модели.

kia-exceed

KIA еднаш веќе понуди кабрио концепт – пред неколку години тие го претставија одличниот Ex_Cee’d, кој беше изведен врз основата на Pro_Cee’d. За жал, овој модел никогаш не дочека сериско производство, иако изгледаше навистина одлично.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.