Претставена Volkswagen Golf GTI Cabrio дизајнерска студија во Wörthersee – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставена Volkswagen Golf GTI Cabrio дизајнерска студија во Wörthersee

Volkswagen прикажа специјална дизајнерска студија, направена од амбициозни млади ученици од нивните фабрики во Волфсбург и Оснабрук.

Вкупно тринаесет млади дизајнери, вклучувајќи четири од женски и девет од машки пол во возраст од 17 до 23 години работеа цела година заедно за да го создадат овој специјален Golf GTI Cabrio. Автомобилот е обоен во бела перла боја со црвени линии и детали, додека пак дизајнерскиот тим се одлучил да го снабди моделот со поинакви алуминиумски фелни во црна сјајна боја со полиран венец и црвени капаци на сопирачките.

Ентериерот е дотеран во истиот стил, со седишта во бела, црвена и црна боја, како и “Austria” вез и црвено-бели декоративни шевови. Тука се исто така и GTI назнаки на вратите, црвени шевови на воланот и DSG палката, како и аудио систем со единаесет високотонци. Сепак тимот не ја заборавил и погонската единица, така што 2.0-литарски агрегат сега е доработен и произведува 333кс.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.