Утре ќе се одржи ридско брзинската трка Водно 2013! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утре ќе се одржи ридско брзинската трка Водно 2013!

По едногодишна пауза од ридските натпревари во Македонија, утре ќе се одржи традиционалната трка Водно.

Оваа ридско брзинска трка на автомобили е во рамки на Македонскиот шампионат, Шампионатот на Централноевропската зона, Црногорскиот шампионат и на Купот за безбедност на патиштата, чии членки се сите држави од поранешните југословенски простори.

На денешниот тренинг се појавија 29 учесници од шест држави: Македонија, Црна Гора, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Чешка и Полска. Возилата се поделени во следните категории: прва група N, A, E1, втора категорија D, E2, или формула до 3.000 кубни сантиметри.

Трката почнува утре на 12-ти Мај во 12 часот, од пред поранешниот хотел „Панорама“ и се вози до крајната цел – Средно Водно.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.