FORMULA 1 – ГН ШПАНИЈА: Нико Розберг повторно на пол-позиција! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

FORMULA 1 – ГН ШПАНИЈА: Нико Розберг повторно на пол-позиција!

Тимот на Mercedes ќе стартува од првиот ред на утрешната трка во Барселона. Нико Розберг и Луис Хамилтон беа доминантни на денешните квалификации, а за розберг ова е втора пол-позиција во низа, по онаа пред три недели во Бахреин.

 Тимот на Mercedes, уште еднаш покажа дека се навистина брзи за време на квалификациите. Само Нико Розберг и Луис Хамилтон, успеаа да постават времиња под 1 минута и 21 секунда, завземајки го првиот ред за утрешната трка пред актуелниот шампион Себастијан Фетел од Red Bull и Кими Раиконен од Lotus, кои ќе стартуваат од вториот ред, односно од 3-та и 4-та позиција.

Возачот на Ferrari, Фернандо Алонсо, кој настапува пред домашната публика, на нивно големо разочарување, успеа да стигне само до 5-та позиција и ќе стартува пред својот тимски колега, Фелипе Маса. Тимот на Ferrari имаше добри резултати на петочните тренинзи и во првите квалификациски сесии, но иако беа блиску до времињата на Фетел и Раиконен, исто како и останатите возачи не успеаа да се спуштат под границата од 1 минута и 21 секунда.

Најголемо разочарување на овие квалификации е возачот на Mclaren, Џенсон Батон, кој не беше ни блиску до влез во финалната квалификациска сесија и утре ќе стартува како 14-ти, а неговиот тимски колега Серхио Перез, трката ќе ја започне од 9-та позиција. Тимот на Mclaren, најави дека токму за трката во Барселона ќе го подобрат болидот, со што ќе се вмешаат во борбата за подуим, но по овие квалификации може да се каже дека во Mclaren имаат уште многу работа, доколку сакаат да стигнат до подиумот.

Возачите на Mercdes, Луис Хамилтон и Нико Розберг, покажаа дека сезонава знаат да бидат убедливи во квалификациите, што не е случај со трката. Дали ќе успеат да го подобрат своето темпо за време на трката и да им ги поматат сметките на главните фаворити или уште еднаш ќе покажат дека болидот е силен само на квалификациите, останува да видиме на утрешната трка, која што ќе започне во 14 часот.

Стартен редослед:
1. Nico Rosberg – Mercedes
2. Lewis Hamilton – Mercedes
3. Sebastian Vettel – Red Bull Racing-Renault
4. Kimi Räikkönen – Lotus-Renault
5. Fernando Alonso – Ferrari
6. Felipe Massa – Ferrari
7. Romain Grosjean – Lotus-Renault
8. Mark Webber – Red Bull Racing-Renault
9. Sergio Perez – McLaren-Mercedes
10. Paul di Resta – Force India-Mercedes
11. Daniel Ricciardo – STR-Ferrari
12. Jean-Eric Vergne – STR-Ferrari
13. Adrian Sutil – Force India-Mercedes
14. Jenson Button – McLaren-Mercedes
15. Nico Hulkenberg – Sauber-Ferrari
16. Esteban Gutierrez – Sauber-Ferrari
17. Valtteri Bottas – Williams-Renault
18. Pastor Maldonado – Williams-Renault
19. Giedo Garde – Caterham-Renault
20. Jules Bianchi – Marussia-Cosworth
21. Max Chilton – Marussia-Cosworth
22. Charles Pic – Caterham-Renault

Текст: Игор Андоноски



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.