full screen background image
Search

Дизајнерска студија за Fiat 127 во модерно издание!

Дизајнерот Давид Обендорфер ја претстави неговата имагинација за тоа како би изгледал Fiat 127 доколку се произведувал во денешно време.

Fiat 127 беше супермини автомобил кој се произведуваше од страна на Италијанскиот производител помеѓу 1971 и 1983. Моделот претставуваше замена за Fiat 850, a прекина да се произведува во 1983, кога беше заменет од Fiat Uno. Тој имаше едноставен дизајн со чисти форми и линии со добри пропорции.

Давид Обендорфер го адаптрал Fiat 127 на модерното време, но сепак успеал да ги задржи главните линии и карактеристики на оригиналот. Доколку Италијанскиот производител се одлучи да ја прифати идејата на Давид за да го произведе моделот, тој би можел да биде поголем брат и да биде базиран на платформата на Fiat 500, со што би се намалиле трошоците.

Навистина би било одлично доколку Fiat произведе ваков модел, но земајќи ја во предвид моменталната ситуација на Италијанскиот производител не веруваме дека ќе се случи тоа.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.