Lyonheart K го носи легендарниот Jaguar E-Type во модерното време! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lyonheart K го носи легендарниот Jaguar E-Type во модерното време!

Ако сакате модерна интерпретација на Jaguar E-Type, но исто така сакате дизајнот да биде освежен и современ, тогаш не гледајте подалеку од Lyonheart K.

Нека биде јасно од самиот почеток – ова не е евтина играчка. Купето се продава по цена од 360.000 евра, а кабриолетот е „малку“ поскап и чини 375.000 евра, но ако веќе сте подготвени да дадете 360.000 евра, нема да Ви биде преголема доплатата за верзијата со отворен кров.

Но она што ќе го добиете за вашите тешко заработени пари е навистина импресивно – V8 моторот е изработен од Cosworth и има зафатина од 5 литри, а испорачува 567 коњски сили и 700 Nm вртежен момент. Тоа е доволно за забрзување до 100 километри на час за само 3.9 секунди и максимална брзина од 300 километри на час. Според Lyonheart, градската потрошувачка би требало да изнесува 18.4 литри на 100 километри, а комбинираната 11.9. Емисијата на CO2 изнесува 292 грама на изминат километар.

Секако, и технологијата на изработка е модерна – шасијата е изработена од алуминиум, суспензијата е прилагодлива и целиот автомобил едноставно изгледа современо, и на сето ова доаѓа со 3-годишна гаранција. Сега, која банка да ја ограбиме?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.