Електричниот Chevrolet Spark доаѓа во Европа наредната година – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Електричниот Chevrolet Spark доаѓа во Европа наредната година

По неговото дебитирање на минатогодишниот саем во Лос Анџелес, електричниот Chevrolet Spark за прв пат ќе биде прикажан пред Европската публика на саемот во Женева.

Погонот на електричниот Spark содржи електричен мотор кој произведува 130 кс и високи 542 Nm вртежен момент, што му овозможува забрзување од 0-100 км/ч за под 8.5 секунди, како и пакет од батерии кои можат да користат приклучоци за  стандардно и брзо полнење.

При брзо полнење, батериите можат да се наполнатдо 80% од нивниот капацитет за околу 20 минути, додека за стандардно полнење со користење на приклучок од 230V се потребни помеѓу 6 и 8 часа.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.