Новиот Toyota Auris промовиран пред Македонската јавност! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Toyota Auris промовиран пред Македонската јавност!

Новата, втора генерација на адутот на Тојота во компактната класа – моделот Auris – пред помалку од два часа ја имаше својата промоција пред македонските автомобилски новинари.

Новиот Auris драстично отстапува од дизајнерската насока на својот претходник. Дизајнот сега е помодерен и во најмала рака несекојдневен. Но покрај новиот дизајн, Auris може да се пофали и со поголеми димензии – сега е цели 30 милиметри подолг (вкупно 4275 милиметри), но истовремено е понизок за 55 милиметри а тежината е намалена до 40 килограми.

Во понуда ќе бидат два дизелски и два бензински агрегати, како и хибриден погон. Бензинските се добро познатите 1.33 со 99 коњски сили и 1.6 со 132 коњски сили. Дизелите ќе бидат претставени со 1.4 D4-D со 90 и 2.0 D4-D со 124 коњски сили. Цените започнуваат од 14.990 за основниот бензинец, 15.990 за помоќниот, а дизелите се со цени од 16.990 евра за основното ниво на опрема и 90-коњскиот мотор и 21.490 за помоќниот мотор и средното ниво на опрема.

Хибридниот Auris ќе се нуди со добро познатиот Hybrid Synergy Drive кој има 1.8-литарски бензински агрегат и електричен мотор. Цената на оваа изведба започува од 22.490 евра. Интересно е да се напомене дека заради поставеноста на батериите под задните седишта волуменот на багажниот простор не е намален, и во сите изведби изнесува 360 литри.

Новиот Auris веќе од денес може да се види и проба во салоните на Toyota.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.