Официјално – Kia Pro_Cee’d GT со 204 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално – Kia Pro_Cee’d GT со 204 коњски сили!

По најавите, денес и официјално ви ги пренесуваме сите информации за новиот спортист на KIA – Pro_Cee’d GT!

KIA Pro_Cee’d GT е базиран врз купе изведбата на Kia Cee’d – кој го носи името Pro_Cee’d. Она што луѓето од КIA го истакнуваат за новиот спортист е дека е дизајниран во Европа и дека ќе се произведува во Европа. Според нив, ова е најспортски-фокусираниот модел кој го направиле до сега – а тоа е повеќе од приметливо.

Под поклопецот на моторот се крие 1.6 литарски GDI мотор со турбополнач. Турбо-бензинецот испорачува 204 коњски сили и 265 Nm вртежен момент. Забрзувањето до 100 километри на час ќе трае 7.9 секунди, но сеуште немаме официјални информации за максималната брзина. Интересно е што истовремено е најавен и Cee’d GT – односно изведба со пет врати!

Официјалната промоција ќе биде на автомобилскиот саем во Женева на 5ти Март. Производството ќе започне во средината на Мај, а првите испораки ќе започнат кон средината на годинава.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.