Наскоро BMW Z2 со преден погон – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наскоро BMW Z2 со преден погон

Наскоро палетата на модели на Германскиот бренд ќе се зголеми за уште еден модел, односно помал роудстер со преден погон.

Z2 ќе биде втор од 23те модели поставени на новата UKL1 платформа со погон на предните тркала, кои ќе се придружат на гамата на Mini и BMW, по Серија 1 GT. Моделот ќе го оживее духот на Z3, што значи дека ќе има приближна големина, но ќе користи преден погон за да ги намали трошоците и да понуди планираната цена од околу 19,000 евра.

Малиот роудстер е планиран да го опфати пазарот под Z4, а за негов најголем конкурент се сметаат претстојаните Mazda MX-5 и Alfa Romeo Spyder. Z2 ќе биде погонуван од алуминиумски 2.0-литарски турбо мотор со сила од 170 до 300 кс во најсилната М изведба, а најверојатно во понуда ќе биде и погон на сите тркала.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.