CARclub Ви посакува Среќна Нова Година! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

CARclub Ви посакува Среќна Нова Година!

Многу здравје, среќа и успех во новата година ви посакуваме сите ние од CARclub!

Од името на целиот тим, сакаме да ви се заблагодариме за пријателството и довербата. Благодарение на посетителите на нашиот портал, членовите на нашиот форум, нашите пријатели на Facebook и нашите следачи на Twitter, CARclub порасна многу повеќе од она што ние очекувавме!

Ви посакуваме на сите многу среќа, здравје, успех и квалитетно гориво во новата година. Одиме понатаму, подготвени за новитетите, за сите автомобили и за сето она што новата година ќе ни го понуди. Ние подготвуваме неколку изненадувања и секогаш ќе нудиме нешто различно за нашите посетители и читатели. Бидете дел од најдобрата автомобилска заедница во Македонија и бидете секогаш во тек со најважните настани, новитети и премиери од областа на автомобилизмот!

2012 година беше добра за нас, да се надеваме дека 2013 ќе биде уште подобра!

Среќна Нова Година!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.