full screen background image
Search

Новогодишно намалување на цените на горивата!

Регулаторната Комисија за Енергетика новогодишно ги почести возачите во Македонија со минимално намалување на цените на горивата!

Според методот за пресметка на малопродажните цени на горивата, малопродажните цени се намалуваат просечно за 0.74%. Тоа значи дека од вечерва на полноќ, ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продаваат за 0.50 денари пониска цена – 80, односно 71 денар за литар. Продажната цена на ЕУРОСУПЕР-98 не се менува, и ќе продолжи да се продава за 82 денари за литар.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.