Peter Schreyer претседател на KIA! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peter Schreyer претседател на KIA!

Веќе многупати сме ја потенцирале улогата на главниот дизајнер во KIA – Peter Schreyer кој е можеби најголемиот заслужник за успесите на корејскиот производител.

Schrеyer е првиот претседател во компанијата кој по потекло не е од Кореја. Сега тој е еден од тројцата претседатели во KIA и ќе има уште поголема улога во иднината на овој бренд.

Сепак, Schrеyer ќе остане и како шеф на дизајнот во KIA, а тоа значи дека во иднина можеме да очекуваме се подобри и подобри модели од нив.

59-годишниот Германец до 2006-та година имаше одлична кариера во Volkswagen Group, каде имаше голем придонес. Токму Schrеyer е дизајнерот кој стои за Audi TT, Volkswagen New Beetle и Passat.

Се надеваме дека со овој потег KIA ќе успее да се доближу уште повеќе кон самиот врв во автомобилската индустрија.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.