full screen background image
Search

Вечерно Кино: BMW е шампион на 2012 DTM!

Германскиот производител на динамични премиум возила објави емотивен видео запис во кој го прикажува успехот на Серија 3 во DTM првенството.

Повод за ова е Бруно Спенглер кој ја осигура четвртата титула за BMW во Хокенхајм, додека BMW Team Schnitzer ја освои тимската титула и BMW ја зема титулата за производители. Ова се случи во првата година од враќањето на Германскиот бренд во DTM после долгогодишна пауза.

Каков прекрасен камбек за BMW во 2012 за DTM!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.