2017 Audi R20 – Le Mans болид за на улица – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

2017 Audi R20 – Le Mans болид за на улица

Audi планира нов суперавтомобил кој ќе го претставува врвот во нивната понуда и ќе биде поцивилизирана верзија од нивниот Le Mans LMP1 болид.

Најверојатно наречен R10 или R20, автомобилот ќе располага со електричен-дизел хибриден погон кој произведува 700 кс и 1,000 Nm вртежен момент. Ова значи дека автомобилот ќе биде придвижуван од твин-турбо V6 агрегат со 550кс, потпомогнат од пар електрични мотори со моќност од 75 кс, кои ќе ги придвижуваат предните тркала. Овој погон ќе овозможи поголем момент, опција за нула емисија на издувни гасови и boost ефект по потреба.

Задниот дел ќе изгледа во голема мера како неговиот тркачки близнак, па така моделот ќе располага со едноделна решетка со два отвори за воздух и LED светла на страните, а над неа ќе биде поставен спојлер.

Автомобилот се очекува да има исти gull wing врати како кај R18 тркачкиот автомобил, додека напреден активен систем за аеродинамија ќе му овозможи на моделот додатна потисна сила помеѓу 100 и 200 милји на час.

Во внатрешноста автомобилот ќе има централно поставен дисплеј наместо конвенционалниот овален брзинометар, седишта со активна контура и вградени тркачки појаси, како и повеќе камери кои можеби ќе ги заменат страничните ретровизори.

Се очекува R20 да го доживее јавното дебитирање на Pebble Beach изложбата во 2015, пред да започне со производство следната година. Поради опширниот развој и високата цена, се предвидува дека ќе бидат произведени помеѓу 100 и 250 примероци.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.