Галерија на денот: Идните автомобили од очите на 22 годишниот Ливиу Тудоран – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Галерија на денот: Идните автомобили од очите на 22 годишниот Ливиу Тудоран

Доколку се прашувате какви идеи имаат младите дизајнери и се плашите дека идните автомобилски модели ќе бидат без идентитет и емоции, можеме со сигурност да кажеме дека иднината е во сигурни раце.

Пребарувајќи по интернет скици и рендери за претстојните модели најдовме интересни креации, дело на младиот 22-годишен дизајнер на транспортни возила Ливиу Тудоран, по потекло од Романија. Дизајнерот има завршено средно математичко училиште и факултет за автомобилски дизајн во Торино, Италија. Иако е многу млад тој веќе има соработувано со Toyota, Peugeot и Bertone.

Ви препорачуваме да ја погледнете галеријата со негови прекрасни замисли за идните модели, а ние се надеваме дека повеќето од нив ќе станат реалност. Во галеријата може да се види негова идеја за наследниците на Lotus Elise, Toyota Celica, Toyota Supra, BMW Z8, Citroen C6, Mercedes C-класа, BMW 6 и многу други. Повеќе негови дела можете да погледнете на неговата веб страна или блог.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.