Девет нови модели од Alfa Romeo до 2016 година – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Девет нови модели од Alfa Romeo до 2016 година

Alfa Romeo моментално произведува само два модели – Giulietta и MiTo. Сепак, според најновите извештаи, Италијанската компанија ќе лансира девет нови модели до 2016 година.

Планираните автомобили ќе ги пополнат класите од B-сегментот до луксузниот Е-сегмент, во кој спаѓаат Mercedes E-класа и BMW 5. Alfa Romeo се надева дека ќе оствари продажни резултати од 300,000 примероци годишно.

Во понудата, покрај новиот 4C, ќе се најдат еден градски автомобил од B-сегментот, замена за Giulietta во C-сегментот, три варијанти од D-сегментот на база на Giulia (седан, караван и кросовер), еден луксузен автомобил од Е-сегментот, нов Spyder кој се развива во соработка со Mazda и три додатни „специјални“ модели, најверојатно кросовери.

Често се шпекулира за иднината на овој бренд, а веќе подолго време се одложува враќањето на Alfa Romeo на американскиот пазар. Враќањето на овој пазар ќе се случи во исто време со промоцијата на 4C.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.