Наследникот на Alfa Romeo 166 ќе биде поставен на платформа на Maserati? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наследникот на Alfa Romeo 166 ќе биде поставен на платформа на Maserati?

Главниот извршен директор на Fiat групацијата, Серџо Маркионе разоткри неколку детали за идната палета на модели на брендот Alfa Romeo.

Додека Giulia, замената за 159, сеуште изгледа дека е далечен сон во иднината на Alfa Romeo, за новиот водечки автомобил, наследникот на 166 не се развиени ниту почетни скици. Сепак, Серџо Маркионе истакна дека веднаш штом новите модели на Maserati започнат добро да се продаваат, најголемата Alfa Romeo ќе почне да се развива.

Најверојатно ќе ја дели платформата со новиот Maserati-ев модел Ghibli и секако, ќе биде со заден погон. Што се однесува до спортистот 4C, неговата премиера ќе биде поместена за понатаму, најверојатно за Женевскиот автомобилски саем. Неговото производство ќе биде во ограничени количини и ќе се прави во Италија.

Покрај останатото, тој истакна и дека Alfa Romeo не е на продажба и дека нема да се откажат од овој бренд, додека пак Lancia Delta ќе добие наследник, кој ќе се продава надвор од Европа под ознаката на Chrysler.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.