Maserati Ghibli доаѓа наредната година – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Maserati Ghibli доаѓа наредната година

Неколку дена по претставувањето на Maserati Quattroporte, новите информации кажуваат дека моделот ќе добие помал брат многу порано од тоа што се очекуваше.

Новиот основен модел на Maserati ќе биде наречен Ghibli и ќе биде откриен на Женевскиот или Шангајскиот автомобилски саем наредната година. Должината на неговата каросерија ќе изнесува околу 5 метри, а ќе се произведува во поранешната Carozzeria Bertone фабрика, која Fiat ја презема пред три години.

Планиран да им се спротивстави на BMW Серија 5 и Mercedes Е-класа, Ghibli ќе вози на модифицирана верзија од платформата на која се поставени Chrysler 300 и Dodge Charger. Што се однесува до палетата на мотори, се зборува дека таа ќе се состои од турбополнет Pentastar V8 мотор кој развива 390 кс, како и турбополнет 3.8-литарски V8 агрегат со приближно 490 кс, преземен од Ferrari.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.