full screen background image
Search

Новиот Golf 7 конечно кај нас!

Како и својот роднина, и новиот Volkswagen Golf 7 денес ја имаше својата премиера. Најновата генерација по која цела една класа на возила го доби своето име беше претставена пред Македонските автомобилски новинари!

Како и Audi A3, и новиот Golf е изграден врз MQB платформата. Како што и очекувавме, ќе се нуди со многу мотори, почнувајќи од 1.2 TSI со 85 коњски сили и 1.6 TDI со 105 коњски сили, па се до моќните 1.4 TSI со 140 коњски сили и деактивација на цилиндри и 2.0 TDI со 150 коњски сили.

Цените започнуваат од 16.255 евра за 1.2 TSI со 85 коњски сили, односно 18.642 за моделот со 1.4 TSI мотор, 122 коњски сили и истото ниво на опрема. 1.4 TSI 140 со деактивација на цилиндри и Comfortline ниво на опрема чини 20.168 евра. На врвот на понудата е 2.0 TDI со 150 коњски сили и Higline опременост кој чини 23.285 евра, односно 25.542 евра со DSG.

Иако ова е нова генерација, веднаш ќе го препознаете како Golf, иако повеќе од приметливо се издвојува од претходната генерација. Она што е интересно е дека секој модел доаѓа со мултимедиа уред кој е осетлив на допир, ESP како дел од стандардната опрема, и уште многу други ситници кои многу значат. Нам ни се допадна дизајнот, кој изгледа многу поспортски од својот претходник, а материјалите во внатрешноста оддаваат чувство на премиум автомобил.

Како што веќе напоменавме за Audi A3, се надеваме дека наскоро ќе се дружиме и со новиот Golf!

Поврзано:   ABT Sportsline го засили Volkswagen Golf R на 384 коњски сили


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.