Alfa Romeo 4C пристига во 2013, за „само“ 45.000 фунти! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alfa Romeo 4C пристига во 2013, за „само“ 45.000 фунти!

Новото спортско купе со кое Alfa Romeo треба повторно да се пробие на Американскиот пазар ќе започне да се продава од 2013, по цена од 45.000 фунти!

Британските автомобилски медиуми најавуваат дека 4C ќе почне да се продава во Велика Британија веќе во 2013-тата година, и дека цената ќе биде околу 45.000 фунти. Преведено во „наши пари“ по сегашниот курс, тоа изнесува околу 53.500 евра – сума што воопшто не е за потценување, и е далеку повеќе од оноа што го очекувавме, со оглед на најавите дека 4C ќе биде „достапен“ автомобил.

Колку за потсетување, 4C ќе се испорачува со 1.7 литарски турбо-бензински агрегат (или Turbo-Benzina, како што сакаат Италијанците да кажат), кој ќе испорачува помеѓу 200 и 230 коњски сили. Ќе има менувач со двојна спојка и погон на задните тркала, а би требало да тежи само 850 килограми. Ова значи максимална брзина поголема од 250 километри на час и забрзување до „стотка“ за 4.5 секунди.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.