full screen background image
Search

Освежената KIA Sorento достапна во Македонија!

Навистина брзо по премиерата во Париз, освежената KIA Sorento пристигна и во Македонија!

Големиот теренец на Корејскиот производител покрај освежениот и затегнат изглед носи и многу други новини. Подобрени се моторите, а тоа значи подобри перформанси, подобра економичност и еколошка прифатливост, а со цел да се зголеми рафинираноста на возилото, намалениот е коефициентот на воздушен отпор.

Во зависност од нивото на опрема кое ќе го одберете, ќе добиете 18 или 19-инчни алуминиумски фелни, а во секој случај ќе ги добиете привлечните нови предни и задни светла изработени со LED технологија, но и редизајнираните браници со интегрирани светла за магла. Ентериерот доби вистинско освежување, но и дополнување.

Во внатрешноста ќе добиете нова централна конзола, голем 7-инчен LCD екран, греење и вентилација на предните седишта, греење на вториот ред седишта и уште многу други „играчки“ кои сме навикнати да ги гледаме кај автомобилите од највисоката класа. Во Македонија ќе можете да изберете помеѓу три мотори, еден бензински и два дизели. Бензинскиот е со зафатнина од 2.4 литри и 197 коњски сили (кој го заменува досегашниот со иста зафатнина и 172 коњски сили). Ако сакате дизел агрегат, достапни се два мотори, едниот 2.2 литарски со 197 коњски сили, и 2-литарски со 150 коњски сили.

Ќе добиете и подобрен Lock Mode режим на работа кој ќе овозможи 50/50 распределба на вртежниот момент помеѓу предните и задните тркала, но и Flex Steer систем кој ќе ви дозволи да изберете помеѓу Comfort, Normal и Sport режими на управување. Секако, новиот Sorento доаѓа и со цела лепеза на безбедносни системи, меѓу кои ги издвојуваме Blind Spot Detection -(BSD) системот, кој го следи мртвиот агол, но и Lane Departure Warning System (LDWS) системот кој ќе ве предупреди ако ја напуштите лентата на движење.

Поврзано:   Hyundai и KIA добиваат нова глобална модуларна платформа со опсег до 500 километри

За цените на освеженото Sorento, ќе морате да прашате во KIA Motors Macedonia, но според најавите нема да има сериозни отстапувања од досегашните.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.