full screen background image
Search

Вечерно Кино: Мачката луда по Toyota

Маркетинг одделот на Toyota од Нов Зеланд ја направи можеби најдобрата реклама за оваа година.

Мачката од рекламата на Toyota New Zealand, наречена ‘Feels Good Inside’ е подготвена да го жртвува секој од нејзините девет животи за уште едно возење во новата Toyota Corolla, која кај нас се продава под името Auris.

Нас најомилен дел ни беше нападот од зад грб кој бестрашната мачка му го изведе на големиот доберман. Во продолжение погледнете ја фантастичната реклама!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.