Jeep Wrangler Sand Trooper: HEMI 4×4 на 2012 SEMA – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jeep Wrangler Sand Trooper: HEMI 4×4 на 2012 SEMA

Chrysler-овата Mopar дивизија објави уште еден интересен проект-автомобил кој ќе биде изложен на 2012 SEMA саемот, кој ќе се одржи во Лас Вегас на 30-ти Октомври.

Оваа тврдокорна машина е HEMI погонувана платформа користена за да се рекламираат најновите продукти на Mopar за моделот Wrangler. Jeep Wrangler Sand Trooper е погонуван од 5.8-литарски HEMI агрегат со 375 кс и 555 Nm максимален вртежен момент. За да ја истакне неговата моќ, Wrangler вози за пет инчи повисоко и добива сет од огромни 42-инчни гуми обвиени околу мат црни фелни. Козметичките додатоци вклучуваат offroad  браници, решетка, LED offroad светла и вентилирачка хауба за големиот HEMI агрегат.

Во внатрешноста, Mopar-овиот Wrangler  има Katzkin кожни седипта, камера за возење наназад и CB прототип на радио.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.