full screen background image
Search

Премиера: 2013 Toyota Auris

Ова се првите официјални фотографии од новиот компакт 2013 Toyota Auris, кој ќе се натпреварува во класата на Volkswagen Golf и Seat Leon.

Новиот Auris ќе ја направи неговата светска премиера на претстојниот Автомобилски Саем во Париз при крајот на Септември, во бензинска, дизел и хибридна верзија. Втората генерација на Auris е тотално различна од нејзиниот претходник, моделот располага со поагресивен и посвојствен дизајн, кој го превзема новото лице на брендот, претходно видено на новите модели на Prius и Yaris.

Според Јапонскиот бренд, 2013 Auris со височина од 1460mm е најнизок од сите модели во C-сегментот. Неговата височина е намалена за 55mm во однос на досегашниот  модел, а резултат на тоа е зголемената аеродинамика и помал коефициент на отпор од само 0.28.

Новиот Auris вози на модифицирана верзија од платформата на претходниот модел, па затоа меѓуоскиното растојание од 2,600mm и ширината од 1,760mm остануваат непроменети, но направена е промена во должината, така што е зголемена за 30mm и сега изнесува 4,275mm.

Внатрешноста на автомобилот е направена од високо квалитетни материјали, а најмногу време е посветено на осветлувањето, боите и завршната обработка. Поради новите димензии, подобрена е возачката позиција, има за 20mm повеќе место на задната клупа и зголемена е должината на багажниот простор за 90mm, па сега неговиот капацитет изнесува 350 литри. Auris Hybrid и стандардниот модел ќе имаат еднаков багажен простор, бидејќи батеријата во хибридниот модел ќе биде сместена под задните седишта.

Каросеријата на новиот Auris е за 40 килограми полесна и за 10 проценти поцврста од онаа на претходниот модел. Ова е постигнато со употреба на поцврст челик во нејзината структура, особено во горниот дел.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Toyota ја лансира новата RAV4 Adventure

Европскиот модел, кој ќе се произведува во фабриката на Toyota во Велика Британија, на почетокот ќе се нуди со 1.4-литарски турбо дизел, како и 1.33 и 1.6-литарски бензински агрегати. Се очекува подоцна во гамата на мотори да биде додаден и дизел агрегат со потекло од BMW.

Новиот Auris Hybrid ќе користи доразвиена верзија на сегашниот хибриден систем, кој се состои од 1.8-литарски бензински агрегат во комбинација со електричен мотор со никел-метал хибридни батерии.

Toyota изјави дека деталите, спецификациите и цените ќе бидат објавени неколку дена подоцна.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.