Најавен тркачкиот Renault Clio Cup за 2014 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Најавен тркачкиот Renault Clio Cup за 2014

Renault ги објави првите детали за новиот 2014 Clio Cup, наменет да се натпреварува на тркачките патеки.

Моделот кој е моментално во тестирање, Clio Cup, скоро и да не се разликува од RS верзијата. Елементите кои го “издаваат” се отворот за влез на воздух на покривот, 17-инчните алуминиумски Speedline Corse фелни и огромниот заден спојлер кој создава 40 кг потисна сила при 200 км/ч.

Силата се испорачува од 1.6-литарски турбополнет четири-цилиндарски агрегат кој произведува 220 кс и 270 Nm вртежен момент, усогласен со шест-степен секвенцијален менувач кој ја пренесува силата кон предните тркала преку диференцијал со ограничено пролизгување. За подобро управување додадени се AP тркачки сопирачки, ZF-Sachs прилагодливи амортизери и систем за евидентирање податоци со дисплеј монтиран во централната конзола.

2014 Clio Cup ќе започне со продажба во Септември 2013 со почетна цена од 37,800 евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.