Opel денес ја претстави новата премиум кабриолет варијанта од Astra, наречена Cascada, која ќе излезе на пазарот во Европа следната пролет.
Opel ја планира новата Cascada како премиум модел и затоа сака да ја оддели од останатиот дел од гамата на Astra и покрај тоа што дели многу компоненти со неа. Скоро сите делови од каросеријата на Cascada се нови, а должината на возилото е зголемена на 4.69m. Ова ја прави подолга од Audi A5 Cabrio, како и од стандардниот компакт Astra.
Како што доликува за еден автомобил од премиум сегментот, Cascada е опремена со софистицирана предна суспензија преземена од Insignia OPC и задна оска со паралелно поврзување. Мекиот покрив е целосно автоматски. За негово кревање или спуштање се потребни само 17 секунди, а ова може да се направи при брзини до 50 км/ч. Изборот на тркала се состои од алуминиумски фелни со големина од 17 до 20 инчи во дијаметар.
Понудата на мотори вклучува бензински и дизел агрегати, сите потпомогнати од турбополнач. Силата се пренесува само кон предните тркала преку шест-степен рачен или шест степен автоматски менувач.
Врвот во гамата е новиот 1.6-литарски четири-цилиндарски агрегат со директно вбризгување и турбополнач. Тој произведува 170 кс и 280 Nm вртежен момент. Најсилниот дизел е 2.0-литарскиот турбодизел со 165 кс и 380 Nm вртежен момент, но Opel ветува дека ќе претстави уште посилни бензински и дизел агрегати во блиска иднина.
Што се однесува до внатрешноста, таа е опремена со електрични затегнувачи на појасот, Nappa кожен тапацир, системи за ладење и затоплување на седиштата, комотен простор за возрасни, електрично прилагодување на седиштата, плус цел сет од активни и пасивни системи за безбедност, како камера мониторинг системи, предупредување за мртва точка, помош при паркирање и тргнување по нагорнини и многубројни воздушни перничиња.