Директно од Саемот во Париз: Clio RS и Clio Estate – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Директно од Саемот во Париз: Clio RS и Clio Estate

Премиерата на Renault Clio RS и Estate варијантите се одржа вчера по отварањето на портите на 2012-тото издание на Саемот во Париз.

Првиот од двата новитети, новиот Renaultsport Clio, за разлика од неговиот претходник ќе се нуди само со пет врати. Сепак, најголемата разлика е замената на 2.0-литарскиот атмосферски агрегат, кој беше усогласен со шест-степен рачен менувач со нов 1.6-литарски турбополнет бензинец достапен само со шест-степена EDC трансмисија со дупла спојка.

Овој 1.6-литарски агрегат испорачува иста сила како и претходникот, 197 кс при 6,000 вртежи, но има повисок вртежен момент од 240 Nm, испорачан од 1,750 вртежи во минута. Официјалните бројки не се објавени, но Renault изјави дека новиот Clio RS ќе троши 2 литри/100 км помалку гориво.

Европските купувачи ќе имаат избор од две верзии. Првата Sport верзија ќе нуди оптимален баланс помеѓу динамиката и комфортот на возење, додека Cup верзијата е дизајнирана за тркачки ентузијасти и е првенствено наменета за на тркачките патеки, благодарение на потврдата суспензија која е за 5 mm пониска од онаа на Sport.

Што се однесува до екстериерот, новиот Clio RS добива нов F1 спојлер напред, заден дифузер и заден спојлер кои според кажаното би требало да создаваат за 80% напред и 20% позади поголем аеродинамички притисок. Исто така нови кај овој модел се уникатната маска, предниот и задниот браник, LED дневните светла, двојните издувни цевки и 17-инчните бандажи, додека како опција ќе бидат понудени и 18-инчни.

Ентериерот се разликува од оној на стандардниот модел по црвените детали, спортскиот волан со две лопатки за менување набрзини, спортските седишта, новиот пакет на инструменти, како и алумуниумските педали.

Вториот новитет претставува една од ретките привлечни караван верзии на компактните автомобили. Караван верзијата на Renault Clio благодарение на нејзините атлетски пропорции, не само што е практична, туку е и екстремно елегантна.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Renault Rafale E-Tech 4x4 300 HP е плаг-ин хибриден SUV со малку магија од Alpine

Покрај тоа што меѓуоскиното растојание на оваа караван верзија е идентично со она на компактот, делот позади задните тркала е продолжен од 201 mm на 823 mm, зголемувајќи ја целосната должина на автомобилот на 4,262 mm. Ова му овозможува капацитет на товарење од 430 литри со кренати задни седишта, што е за 130 литри повеќе од пет-вратниот хечбек.

Стајлингот на Estate го следи изгледот на компактот до B-столбот и ги задржува задскриените задни рачки на вратите, додавајќи уште два црни столба врз кои се протега стаклото и формира непрекината линија.

Во понудата на караван моделот ќе биде истата гама на мотори како кај компактната верзија, која се состои од 0.9-литарски три-цилиндарски турбо мотор со 90 кс и 1.2-литарски турбополнет исто така бензински агрегат кој произведува 120 кс достапен и со новиот EDC менувач со дупла спојка. Понудата на дизел агрегати ја опфаќа 1.5-литарскиот четири-цилиндарски турбо мотор со 90 кс.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.