Првите фотографии од новиот Volkswagen Golf! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Првите фотографии од новиот Volkswagen Golf!

Ви ги пренесуваме првите фотографии од новиот Volkswagen Golf 7! Сликите се појавија на Интернет неколку часа пред неговото официјално преставување.

Дизајнот на седмата генерација е еволуција на досегашните дизајни, без екстремни девијации во дизајнерската насока. Веќе знаеме многу за новиот Golf – знаеме дека тој ќе биде 4255 милиметри долг, 1799 милиметри широк и 1452 милиметри висок. Новина се новите мотори, но најважниот новитет е новата MQB платформа на која тој е базиран. Новата платформа носи намалена тежина – се очекува новиот Golf да биде околу 90 килограми полесен од шесттата генерација.

Како што напоменавме, новина се новите TSI и TDI мотори, кои добиваат мало зголемување на силата, но имаат многу нови доработки кои покрај тоа што ги прават помоќни, ги прават и поекономични. Се очекува дека потрошувачката ќе се намали за неверојатни 23% во однос на претходниот модел, благодарение на освежените мотори и екстра-лесната MQB платформа. Повеќе информации ќе имаме во текот на денот, и ќе ја дополнуваме оваа сторија со најважните детали.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.