Formula Ford постави 11-то најбрзо време на Nürburgring – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Formula Ford постави 11-то најбрзо време на Nürburgring

Formula Ford комплетираше еден круг околу “Зелениот Пекол” за време од 7 минути и 22 секунди.

Возен од Ник Тaнди, специјално дизајнираниот модел постигна единаесетто најбрзо време, движејќи се со просечна брзина од 169 км/ч. Ова значи дека автомобилот беше побрз од супер автомобилите како Lamborghini Aventador, Ferrari Enzo и Pagani Zonda.

За да се постигнат овие импресивни резултати, инженерите го опремиле моделот со 1.0-литарскиот EcoBoost три-цилиндричен бензински агрегат со турбополнач, избран за мотор на годината, овојпат засилен на 205 кс. Тие исто така го направиле автомобилот да биде целосно легален за на улица со инсталирање на покривачи над тркалата, предни и задни светла и трепкачи, аеродинамично дизајнирани ретровизори и свирка.

Благодарение на овие модификации, оваа Formula Ford забрзува од 0-100 км/ч за помалку од четири секунди и достигнува максимална брзина од 255 км/ч. Компанијата тврди дека автомобилот забележува потрошувачка од 2.4 литри при брзина од 56 км/ч и 5 литри на 100 км при брзина од 120 км/ч.

Според Ford-овиот Европски потпретседател на продажба и маркетинг, Ролант Де Вард, тие сакале да докажат дека големината не е важна со покажување на сите колку неверојатно способен мотор е 1.0-литарскиот EcoBoost. А, има ли подобар начин за тоа од поминувањето на некои од најдобрите супер автомобили во светот на Нордшлајфе, со користење на многу малку гориво.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.