Најновата генерација на Audi A3 се закити со максималните пет ѕвездички на Euro NCAP тестовите за безбедност!
Тест инженерите го наградија Audi А3 со највисоки оценки за безбедноста на возачот и совозачот при фронтален и страничен удар. Euro NCAP го издвои како значаен потсетникот за сигурносниот појас на предните и особено за задните седишта кои се дел од стандардната опрема. Понатаму, заштитата на пешаците е исто така значајна, а Audi A3 нуди извонредно решение. Специјално дизајнираниот преден дел се подига во случај на удар и ги ублажува последиците. Сите тие карактеристики, заедно со електронските безбедносни помагала и новите иновативни системи му помогнаа на новиот Audi A3 да добие одлични оценки.
Одличните оцени на Audi A3 се особено значајни, бидејќи истите можеме да ги очекуваме и кај другите автомобили кои ќе бидат направени врз основа на MQB платформата на Volkswagen групацијата.