G-Power BMW M3 со 720кс! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

G-Power BMW M3 со 720кс!

Кога ќе се слушне името G-Power, првата работа на која ни текнува се тјунирани BMW модели со компресор. Фасцинантниот Германски тјунер G-Power сега го претстави и проектот базиран на BMW M3 Coupe кој располага со 720 кс.

Зафатнината на V8 моторот на ова прекрасно E92 M3, е зголемена од 4.0 на 4.6 литри, а во пакетот се вклучени и G-Power SK III T1-723 компресор, репрограмирана електронска контролна единица и титаниумски издувен систем со карбонски издувни цевки.

Резултатот? Извонредни 720 кс! Доволни за забрзување од 0-100 км/ч за 3.7 секунди и максимална брзина од над 330 км/ч.

 

Надворешноста на овој M3 е дискретно изменета со аеродинамичен пакет направен од јаглеродни вкакна, нов сет од 20-инчни алуминиумски бандажи обвиени во Michelin гуми, систем за сопирање со високи перформанси и модифицирана прилагодлива суспензија.

Ентериерот на автомобилот е целосно обвиен во кожа, а додадени се и нови полесни кожни седишта во црна и кремаста боја со G-power лого, кои успеваат да му дадат специјално чувство на автомобилот.

Можеме само да се прашуваме како автомобилот успева да ја пренесе целата сила кон подлогата, но можеме да претспоставиме дека тоа би изгледало исто толку добро во живо како и што го замислуваме во нашите глави.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.