Suzuki Grand Vitara доби освежување – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Suzuki Grand Vitara доби освежување

Suzuki ја претстави освежената Grand Vitara за Европскиот пазар на овонеделниот интернационален автомобилски саем во Москва.

Надоградбата носи некои козметички измени на надворешноста и нов дизајн на ентериерот, со цел да го задржи вниманието на купувачите за кросоверот кој е во производство од 2005.

Надворешните измени вклучуваат примена на нова предна решетка заедно со редизајниран браник, нови 17-инчни и 18-инчни алуминиумски бандажи и две нови бои. Во внатрешноста, освежената Grand Vitara добива нови седишта и тапацири на вратите.

Нема измени во гамата на мотори на кросоверот. Како и досега, во понудата ќе има два бензинци: 1.6-литарски VVT  со 106 кс и 145 Nm и 2.4-литарски VVT со 129 кс и  227 Nm, како и еден  1.9-литарски турбо-дизел DDIS со 140 кс и 300 Nm.

Продажбата се очекува да започне во Европа при крајот на есенва.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.