Peugeot 408 претставен во Москва – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot 408 претставен во Москва

Peugeot на саемот во Москва претстави 24 автомобили меѓу кои, за прв пат во Европа беше претставена и новата 408-ца!

Peugeot 408 e компактен седан од C класата, наменет пред се за напад на Рускиот пазар, но ние се надеваме дека наскоро 408 ќе го видиме и во нашите продажни салони.

Дизајнот на 408 го носи препознатливиот дизајн на францускиот лав. Дизајнот на овој седан, потсетува на поглемиот брат – Peugeot 407, но во покомпактно издание.

408 е долг 4700 mm, широк 1810 mm, а меѓуоскиното растојание изнесува 2710 mm. Со овие димензии, 408 совршено се наметнува како еден од главните конкуренти во најбараната класа на автомобили во Русија.

Peugeot 408 веќе се произведува во Кина, Аргентина и Малезија, а наскоро и во Европа. Овој модел не е наменет за Европскиот пазар, како што кажавме погоре, туку само за Рускиот. Бидејќи и нашиот пазар е дел oд Источно-Европскиот, големи се шансите Peugeot 408 да го видиме и кај нас.

Продажбата на 408 ќе започне на 1-ви Септември 2013 година, додека ќе се произведува во Kaluga (Русија).

 



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.