Оpel ја зголеми достапноста на 2.0-литарскиот битурбо дизел мотор во гамата на Astra, така што овој агрегат сега се нуди и во хечбек и караван верзиите, два месеци по неговото прво вградување во Astra GTC.
Лансиранa на пазарот во почетокот на 2012 во гамата на Insignia, четири-цилиндричната погонска единица со два турбополначи произведува 192 коњски сили и максимален вртежен момен од 400 Nm.
Петвратната Astra BiTurbo CDTI достигнува максимална брзина од 226 км/ч, додека караванот може да достигне 222 км/ч. Германскиот производител вели дека и двата модели забрзуваат од место до 100 км/ч за помалку од осум секунди.
Опремени со стандарден Старт/Стоп систем, двата модели покажуваат просечна потрошувачка на гориво од 5.1 литри на 100 километри, додека издувните гасови изнесуваат 134 g/km.
Моделите опремени со 2.0 BiTurbo CDTI агрегатот располагаат со поагресивен изглед од стандардните модели, така што се опремени со изменета предна маска, нови магленки, преден браник сличен на OPC верзијата, 18-инчни тркала и две издувни цевки на задниот дел.
Ентериерот е освежен со двобојни седишта, нив волан со зарамнето дно, алуминиумски педали и специјални патосници.