full screen background image
Search

Toyota GT 86 достапен и во Македонија!

Спортското купе на Toyota – долгоочекуваниот GT 86 – од неодамна е достапно и во Македонија!

Досега многупати сме пишувале за GT 86, и со задоволство можеме да кажеме дека автомобилот кој се навраќа на старите вредности на спортските автомобили од неодамна е достапен и кај нас во Македонија! Покрај одличните возни својства, GT 86 нуди и навистина многу опрема, но најважната работа е дволитарскиот боксер мотор кој испорачува 200 коњски сили и диференцијалот со ограничено пролизгување (LSD) кој гарантира одлично управување, но исто така им значи многу на познавачите и љубителите на Drift. Секако, погонот е на задните тркала – токму онаму каде што и треба да биде!

Цената на GT86 во Македонија е 32.900 евра, а првиот модел веќе можете да го видите во салонот на Тојота Авто Центар во Скопје!

Фотографија: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.