Skoda подготвува хечбек верзија од Rapid – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Skoda подготвува хечбек верзија од Rapid

Skoda ја потврди намерата да лансира конвенционална пет-вратна хечбек верзија од новиот Rapid.

Шефот за продажба и маркетинг на Чешката компанија, Јурген Стакман, објави дека автомобилот ќе биде пократок од компактниот седан Rapid и ќе располага со заден дел кој ќе наликува на Golf.

Автомобилот беше прикажан на минатогодишниот Саем во Женева под името Vision D концепт. За разлика од Rapid тој располагаше со пошироки полумесеци и потенки предни светла. Конечната верзија се планира да биде лансирана на крајот од наредната година.

Сепак, нема да остане истиот дизајн од Vision D. Стакман истакна дека нема да биде истиот автомобил и дека нема да има три-вратна верзија, но не го откри неговото финално име, иако логично е да биде наречен Felicia.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.