Ова празнично утро ќе се обидеме да ве расониме со едно одлично видео во кое BMW M5 добива Akrapovic Evolution издувен систем и звучи навистина одлично!
Akrapovic е една од водечките фирми кога се работи за издувните системи, а за BMW М5 подобро и да не зборуваме! Сега M5 заедно со најновиот продукт на Akrapovic – издувниот систем Evolution ја прават оваа M5-ка уште подобра!
Со Evolution издувниот систем, автомобилот добива 10 КС и 17 Nm вртежен момент повеќе! Освен оваа придобивка, новиот издувен систем е и 12 kg полесен од оној “обичниот”. Краевите на Evolution издувниот систем може да бидат од титаниум или пак од јаглеродни влакна, во зависност од желбите на купувачите.
Појачајте ги звучниците и уживајте во прекрасниот звук на BMW M5 со Akrapovic Evolution издувниот систем. Добредојдени се и коментари на нашата Facebook страна!