full screen background image
Search

Ghost coupe ќе биде најбрзиот Rolls Royce?

Rolls Royce подготвува две-вратен купе модел, кој ќе претставува одговор на спортските модели на Bentley и Aston Martin.

Новото купе ќе користи тјунирана верзија од 6.6-литарскиот V12 мотор од Rolls Royce Ghost, засилена од стандардните 531 кс на 600 кс, со пропорционално засилен вртежен момент. Силата ќе се пренесува кон задните тркала преку истиот ZF осум-степен автоматски менувач.

Суспензијата, кочниците, управувањето и гумите ќе бидат благо спортски прилагодени за да се подобри стабилноста, додека намалените компактни димензии ќе му помогнат на моделот да намали околу 200 килограми од седан моделот.

Со оглед на филозофијата што ја користи Rolls Royce за именување на новите модели, во игра се имињата од нивните историски модели како: Dawn, Wraith, Cloud, Shadow, Spirit итн.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.