Презентација на KIA Optima во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Презентација на KIA Optima во Македонија!

Пред само неколку часа, и официјално беше претставена новата KIA Optima во Македонија!

KIA има навистина конкурентен автомобил во Д-сегментот – новата Optima нуди вистинско освежување во класата. Понудата на мотори засега е ограничена на бензински и дизел агрегат, односно 2-литарски бензински мотор со 163 коњски сили и 1.7-литарски турбодизел со 136 коњски сили. Заради природата на нашиот пазар во прво време ќе биде посветено повеќе внимание на дизелскиот мотор кој изненадува со перформансите и ниската потрошувачка.

Ќе бидат понудени три нивоа на опрема, и тоа Family, Business и Sport. Сите три нивоа се со навистина богата опременост, а цените започнуваат од 21.700 евра за дизелскиот мотор со основното ниво на опрема.

Наскоро очекувајте го и нашиот тест на ова интересно и привлечно возило!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.