Sergio Pininfarina, еден од легендите на Италијанскиот дизајн почина во понеделникот на 85-годишна возраст. Италијанецот ќе остане запомнет по незаборавните дизајни на некои од најуникатните автомобили во историјата.
Sergio беше роден на 8ми Септември 1926-тата година во Торино, и откако се здоби со диплома по машинско инженерство се приклучи кон семејниот бизнис. Неговото име стоеше на дизајните на скоро сите модели на Ferrari, но неговиот потпис се најде и на модели на Fiat, Alfa Romeo, Peugeot и многу, многу други. Неговото влијание, естетика и неговите безвременски дизајни нема да бидат заборавени.
Во продолжение, во чест на големиот дизајнер ви нудиме една мала галерија од неговите дизајни. Од тимот на CARclub, но и од името на сите автомобилски вљубеници изразуваме сочувство за Sergio. Ова е навистина тажна вест за сите љубители на автомобилите.