Nissan GT-R со 1000 кс by Switzer – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan GT-R со 1000 кс by Switzer

Овие денови, модификувањето на Nissan-овиот 3.9-литарски твин-турбо мотор да произведува 800 кс или повеќе е вообичаена работа. Сепак, барањето од автомобилот да ја создава таа сила и сеуште да биде прикладен за секојдневна употреба е екстремно тешко.

Но, ова не го спречи познатиот тјунер Switzer Performance да понуди GT-R со 1000 кс, кој е исто така добар за да биде секојдневно возило. Наречен Ultimate Street Edition, автомобилот е “мирен како маче”, според зборовите на Switzer.

На шест-цилиндарскиот мотор му се додадени нови клипови, клипни прстени, брегаста осовина, како и нови турбини со течно ладење, интеркулери, нов ладилник и репрограмиран софтвер. Агрегатот е усогласен со специјален Sheperf менувач, а издувниот систем е со цевки од не’рѓосувачки челик.

За поголема контрола врз додатната сила, автомобилот е поставен на сет од пониски спортски пружини и вози на супер лесни алуминиумски тркала.

Tim Switzer, главниот човек на оваа компанија, вели дека GT-R Ultimate Street Edition е за луѓе кои сакаат автомобил со над 1,000 кс, кој ќе можат удобно да го возат секој ден, до канцеларија или продавница, на тркачка патека, автопат, или пак низ секојдневните сообраќајни гужви.

Тој исто така додаде дека возилото се однесува беспрекорно, менува брзини лесно, не прозиведува прегласна бука од издувните цевки, а неговата просечна потрошувачка се движи околу 12 литри на 100 километри.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.