CARclub Викенд Опуштање – Навистина одличен настан! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

CARclub Викенд Опуштање – Навистина одличен настан!

Викендов организиравме уште еден голем настан, кој го посетија многу вљубеници во автомобилите и ја имаа шансата да се дружат, да ги покажат своите автомобили и да уживаат во одличната атмосфера!

Настанот го организиравме во соработка со Мотоцентар, но и со нашите пријатели од ЗЕЦ Електроникс, Авто-Сервис Аргировски, Winner Осигурување и Renco Авто-Козметика. На сите им благодариме за поддршката и пријателството, и ги покануваме на сите следни настани кои ќе ги организираме. Овој пат над 200 автомобили и нивните сопственици го искористија секој слободен простор на паркингот пред Мотоцентар за да покажат што знаат и умеат!

Како и минатиот пат, повторно ни се придружија некои членови на BMW и Volkswagen клубовите на Македонија, а овој пат со своето присуство не почестија и преставници на KIA Motors Macedonia и Honda Макпетрол. Неколкучасовното дружење го привлече вниманието и на многу случајни минувачи кои не можеа да одолеат на многуте интересни автомобили, па и тие ни се придружија.  За музиката беше задолжен DJ Gameover кој ни приреди одлична забава со својот музички избор!

На крајот, би сакале да им се заблагодариме на сите присутни за нивниот ентузијазам и да напоменеме дека сме горди што успеавме да организираме настан кој е редок на нашите простори. Им благодариме на нашите пријатели и сите кои ни помогнаа да го организираме овој одличен и голем собир!

Нам ни останува да Ве поканиме да станете член на нашиот форум и да бидете дел од најголемата автомобилска заедница во Македонија!

Фотографии од Дејан Маликовски

Фотографии од Кристијан Ивановски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.